СПАСОВСКИ вели дека мерките ги дадоа очекуваните резултати, но треба да се заострат, затоа вонредната состојба беше потребна за да спречиме уште поголем пик.
ПРОГЛАСУВАМ вонредна состојба на целата територија на државата на 30 дена, заради заштита и справување од последиците од вирусот Ковид 19, рече Претседателот Пендаровски.
ВО услови на вонредна состојба институциите ќе бидат ригорозни, ќе вршат интензивни контроли за да го заштитат здравјето на граѓаните. Полицијата и инспекциските служби ќе бидат максимално ангажирани. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, рече премиерот Оливер Спасовски.
ГЛОБА од 2500 евра за возач од Дебреште за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”
ШТО вели Уставот за воведувањето на вонредна состојба.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО бара казни за седум лица од Кавадарци за неспроведување самоизолација. Сите обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката.
СЛОВЕНЕЧКАТА Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на поседиците од корона вирусот ќе можат да ја користат компаниите од сите сектори, а засега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.
НАПЛИВ на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија. Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус е помалку опасен од сезонскиот грип.