ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брегу: Од клучна важност во борбата против КОВИД-19 на Балканот се соработката и коридорите

Брегу појасни дека РСС ќе изработи заклучоци за договор за воспоставување на т.н. „зелен коридор“ меѓу земјите на Западен Балкан и во комуникацијата надвор од Балканот.

March 18, 2020 17:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН

Соработката е клучен фактор во борбата против пандемијата со корона вирусот, а „од пресудна важност е коридорите кон регионот да бидат отворени заради снабдување со лекови медицинска опрема и храна“, истакна денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на заедничка видео конференција со претставници на владите на земјите од Западен Балкан.

Брегу појасни дека РСС ќе изработи заклучоци за договор за воспоставување на т.н. „зелен коридор“ меѓу земјите на Западен Балкан и во комуникацијата надвор од Балканот.

-Договорено е нашиот следен чекор да биде изработка на заклучоци врз основа на кои на регионот би му се овозможило да работи на воспоставување на зелениот коридор за да се обезбеди непречен проток на стоки внатре во регионот, но и надвор од него. Тоа ќе се темели на принципите за обезбедување на економскиот континуитет, избегнување на прекин на испораките на стоките и основните услуги на Западен Балкан и надвор од него, а со цел заштита на здравјето и животот на нашите граѓани, рече Брегу.

Таа додаде дека сите претставници од регионот се заложиле за непречено функционирање на т.н. зелени коридори, како и дека ќе упатат барање до ЕУ за да ги остави неискористените средства од ИПА фондовите за итни потреби на некои од земјите апликанти.

РСС организираше видео конференција за размена на информации и консултација во врска со новонастаната состојба во која до денес, на Западен Балкан има 400 заболени и четири земји со вонредна состојба. На конференцијата учествуваа претставници на владите од Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како претставници на ЕУ, на ЦЕФТА и на Траснпортната заедница, соопшти РСС.

Next Post

Џафери го добил писмото за вонредна состојба, ќе го препрати кај Пендаровски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Десетици повредени и 37 приведени во протестите синоќа низ Србија

August 15, 2025

Сибиха пред средбата Трамп-Путин: Никакви одлуки во врска со мирот не можат да се донесат без Украина

August 15, 2025

Четириесет и пет уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk