Шест новoзаболени од корона вирус, меѓу нив и 4-годишно девојче. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.
ДПМНЕ лаже, ОН демантираат дека издале проценки за спроведување на мерки за превенција од Ковид 19. Во демантот се вели: „Организацијата на ОН нема изадено никаква проценка за мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус COVID-19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политички дискусии. Глобално и локално, се соочуваме со заеднички непријател и наша обврска е да работиме заеднички во интерес на нашата заедница, за да ги заштитиме животите на секој нејзин член“.
МОН: Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава.
Македонски државјани ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија поради Ковид-19.
Град Скопје наградува со онлајн кампањата #СкопјеДома.
ССМ: Работниците имаат право на платен одмор по прогласување на вонредна состојба. -Дополнително, предвидено е дека во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата или друг надлежен државен орган или институција работодавачот може на работникот да му одобри и поголем број на слободни денови, велат од ССМ.
„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа.
Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор.
ЕК примила барање за помош од Северна Македонија.
Внимание: Лажни апликации за следење на корона вирусот го следат секој ваш чекор.