Македонската амбасада во Љубљана соопшти дека државјаните на земјава ќе можат легално да го продолжат својот престојот во Словенија, како една од мерките против ширењето на корона вирусот.
– Според словенечно Министерство за надворешни работи, македонски државјани затекнати на територија на Словенија на кои ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија заради исклучителната ситуација, објави нашата Амбасада во Љубљана на Твитер.
Според @MZZRS ➡️ ??државјани, затекнати на територија на ?? на кои ќе им истече работната дозвола, дозвола за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на ?? заради исклучителната ситуација.@MFA_MKD
— Republic of North Macedonia in Slovenia (@MKembassySLO) March 19, 2020