На профилот на Фејсбук, град Скопје објави дека секој ден ќе избира по една фотографија на тема #СкопјеДома и ќе ја наградува со 100 евра.
Секој може да учествува, едноставно треба да прикачите слика, видео или гиф како го поминувате вашиот ден додека сте во карантин.
Град Скопје сака да ги мотивира граѓаните да не излегуваат непотребно од дома и така да спречат ширење на корона вирусот.
Вчерашниот добитник на 100 евра е Јехона Спахиу.
„Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг#СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра“, стои во статусот.