ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕК примила барање за помош од Северна Македонија

Северна Македонија нуди неколку опции за начинот на кој ЕУ би можела да и помогне на земјата да се справи со оваа кризна состојба, како на пример реалокација на одредени фондови.

March 19, 2020 17:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија за МИА потврди дека е примено писмо со барање за помош за справување со кризата на корона вирусот во Северна Македонија.

– Можеме да потврдиме дека комесарот Вархеји прими писмо од Владата на Северна Македонија и набргу ќе одговориме. Моментно работиме интензивно да им помогнеме на нашите партнери од Западниот Балкан да се справат со корона вирусот и да им обезбедиме поддршка за ублажување на социо-економските последици од кризата, изјави за МИА Ана Писонеро, портпаролка на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Според информациите на МИА, Владата на Северна Македонија вчера испратила писмо до Европската комисија во кое бара помош за ублажување на кризата, која се очекува да се влоши во наредните денови. Владата изразува задоволство што Европската Унија се мобилизира на солидарен начин и се надева дека истиот пристап ќе може да се присвои и кон земјите кандидати за членство.

Европската Унија е мета на силни критики последниве денови поради тоа што не ги вклучи земјите од Западниот Балкан во мерките за помош.

 

Северна Македонија нуди неколку опции за начинот на кој ЕУ би можела да и помогне на земјата да се справи со оваа кризна состојба, како на пример реалокација на одредени фондови.

Владата потсетува и дека Северна Македонија е земја учесник во Цивилниот механизам за заштита, механизам кој овозможува итна помош во случај на катастрофи и непогоди, и предупредува дека е можно во наредниот период да и биде потребна помош преку овој механизам.

Земјата, исто така, бара од Европската комисија да ја разгледа можноста да биде вклучена во механизмите за олеснување на притисокот врз малите и средни претпријатија, механизам кој е активиран за земјите членки на ЕУ.

 

Северна Македонија може да страда и поради одлуката на некои земји членки на ЕУ да забранат извоз на потребна опрема кон трети земји. Европската комисија ја поддржа оваа мерка на ЕУ и посочи дека третите земји ќе мораат да добиваат посебни дозволи доколку бараат увоз на опрема од земја на Унијата.

Во овој контекст, Владата на Северна Македонија бара од Европската комисија да ја ревидира оваа одлука и да ја отстрани земјата од групата држави за кои се потребни посебни авторизации.

Во Европската комисија неофицијално коментираат дека ситуацијата е тешка и во самата ЕУ, но дека се свесни оти треба да одговорат на потребите за хуманитарна помош и цивилна заштита, тука ЕК го вклучува и прашањето на репатријација на граѓаните на Северна Македонија заглавени надвор од земјата.

 

Што се однесува до социо-економските последици од оваа криза, Европската комисија работи на тоа да се пренасочат постоечки инвестициски програми за да им се обезбеди капитал на претпријатијата, посебно малите и средните, велат изворите на МИА во ЕК. Реалокацијата на претпристапните фондови исто така се разгледува, тврдат од Еврокомисијата и потсетуваат дека омекнувањето на правилата на ЕУ за државна помош автоматски важат и за земјите кандидати.

Изворите на МИА додаваат дека се работи и на забрзување на проект на Европскиот центар за превенција и контрола на болести за да му се помогне на здравствениот систем да одговори на предизвиците, односно подобрување на капацитети за контрола и мониторинг на заразни болести, подобрување на способностите и подготвеноста на здравствените потребни и подобрување на јавните микробиолошки лаборатории.

Сето ова за сега, меѓутоа, не се потврдува официјално од страна на Брисел, но комесарот за проширување на последната седница на Европската комисија ги презентирал иницијативите што се разгледуваат. Најважно сега ќе биде да се види одговорот на земјите членки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk