ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Србија на три локации ќе отвори кампови за карантин на српски државјани кои се враќаат од странство

Во моментот, надлежните државни органи во Србија ја разгледуваат можноста за воведување на времена забрана за доаѓање на српските иселеници во земјата.

March 19, 2020 14:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Моровиќ, во близина на Шид, денеска е отворен шаторски камп за сместување на државјаните на Република Србија кои се враќаат од странство, а кои немаат регистрирано место на живеење на територијата на Србија, како и за сите други патници за кои лекарите на границите ќе оценат дека преставуваат ризик по здравјето, соопшти српското Министерството за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Министерството за одбрана заедно со Министерството за внатрешни работи и релевантните санитарни служби ќе утврдуваат кој се ќе влезе во кампот, според проценките на лекарите.

Воената установа Моровиќ, Шид и Миратовачко Поле – се трите локации кои се одредени за сместување во карантин, каде ќе бидат испратени српските граѓани кои живеат и работат во странство, а кои доаѓаат од најризичните земји – Италија, Швајцарија, Шпанија и Австрија.

Српската Влада усвои таков заклучок на својата седница на 17 март, како дел од мерките насочени кон спречување на ширење на корона вирусот. Истовремено, Министерството за здравство нареди контроли и здравствени предупредувања за сите патници на граничните премини во Србија, како и назначување референтна лабораторија за идентификација и валидација на САРС-КоВ-2. На сите државјани кои доаѓаат од земји кои не се на списокот на оние со најголем ризик од корона вирусот одредена им е домашна изолација најмалку од 14 дена.

Во моментот, надлежните државни органи во Србија ја разгледуваат можноста за воведување на времена забрана за доаѓање на српските иселеници во земјата. Се бара механизам како тоа да се стави во сила, истовремено почитувајќи ги сите уставни одредби, бидејќи главна цел е да се заштити населението во Србија и да се спречат какви било ризични контакти.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ за ТВ Прва изјави дека за четири дена во Србија се влезени над 70.000 лица, на кои им се одредува санитарна мерка и тие ќе треба да останат во самоизолација или карантин.

– На околу 25.000 луѓе одредена им е мерка за самоизолација и сите оние кои ја нарушуваат ќе бидат санкционирани, кажа Стефановиќ, додавајќи дека во последните 12 часа се поднесени 87 кривични и прекршочни пријави, вклучително и на некои познати спортисти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk