ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Луѓето од Инфективна се херои, нема новозаболени, во Грција родено е првото бебе од заразена мајка со Ковид-19, вонредната состојба не значи забрана за движење

Преглед на вести во 15 часот

March 19, 2020 15:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски истакна – Нема нови мерки, сè продолжува да функционира како и вчера. Ќе направиме сè состојбата колку што е можно да се смени на подобро. Посебно до повозрасните сакам да порачам – Останете дома, ситуацијата е сериозна.

ДЕСКОСКА порача дека вонредна состојба не значи забрана за движење, ниту полициски час, ниту затворање на продавници. Ограничувањето не се однесува на човековите права и слободи, секој има право на лекарска помош, на право на слободна мисла итн, истакна Дескоска.

НОВИ шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од корона вирусот и заштита на ликвидноста и работните места, а како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

ТРГОВЦИТЕ и производителите имаат дадено збор дека нема да вршат зголемување, а сите цени кои се зголемени после 11 март 2020 година, согласно одлуката на Владата, ќе треба да се вратат на нивото на кое биле дотогаш.

ВИСТИНОМЕР со анализа за тоа со колку персонал располага државата и истакнува дека во првата линија на фронтот против „Ковид 19“ државата има на располагање над 50 илјади лица.

ЦЕЛАТА прехранбена индустрија е максимално мобилизирана. Има доволно залихи на сите основни артикли, нема потреба од панично купување на храна бидејќи има доволно за сите, ние делуваме антиципативно, истакна денеска на прес-конференција Ѓорѓи Петрушев од Здружението за земјоделство и преработувачка индустрија при Стопанската комора.

ВЧЕРА во Грција се роди првото бебе од мајка заразена со корона вирусот, а пак резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни.

УТРОВО не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата. Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

АРМИЈАТА е подготвена да и асистира на полицијата, кризата е сериозна на глобално ниво и ако граѓаните не се придружуваат до мерките на Владата, разгледувајќи ги сите сценарија, ќе се воведат поригорозни мерки, истакна Шекеринска.

ДЕНЕС во Кина нема евидентирани нови случаи на корона вирус.

ЗОРАН Кондратенко со пофални зборови за третманот и вниманието што медицинскиот персонал од Инфективна клиника им го дава на заболените од корона вирусот. Луѓево од Инфективна се херои, не застануваат, негата е буквално 24 часа, вели Кондратенко.

 

Next Post

Ковид-19: Азиja се соочува со втор бран на заразата, овој пат со случаи од странство

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk