ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на корона вирусот

Целиот случај го коментираше и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас преку неговиот официјален Твитер профил објавувајќи селфи фотографија на лекарите со мајката.

March 19, 2020 13:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со корона вирусот, а пак резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неделата, 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за корона вирусот, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг.

Според ректорот на атинскиот Универзитет во чии рамки е и Клиниката за гинекологија, жената била хоспитализирана и активиран планот за третман на бремени жени, а вчера се породила со царски рез.

Директорката на Гинеколошката клиника Софиа Калантариду за грчката телевизија „Скај“, рече дека во болницата веќе постои специјален оддел наменет за вакви случаи, а вработените веќе имале соодветна обука особено во делот со специјалните скафандери за заштита.

Токму тоа го споменува и гинекологот Јоргос Хрељас, кој вели дека со оглед на тоа што знаеле дека жената е заразена со корона вирусот, потребна била дополнителна претпазливост и лична заштита, а искуството, вели било „и малку стресно на почетокот“, бидејќи „униформата е малку чудна, едноделна униформа, како астронаут“.

Целиот случај го коментираше и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас преку неговиот официјален Твитер профил објавувајќи селфи фотографија на лекарите со мајката.

-И на сред тешкотии, се роди надеж. Докторите и медицинските сестри во болницата „Атикон“ по раѓањето на првото дете во нашата земја, од мајка позитивна на коронавирусот. Бебето е здраво, напиша Кикиљас на неговиот официјален Твитер профил.

 

Next Post

Филипче: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти, сите 22 теста се негативни

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk