БЕЗБЕДНОСНАТА состојба изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Република Северна Македонија.
АЛБАНСКИОТ претседател Рама со порака до своите сограѓани – Доколку не ги почитувате препораките, ќе нема место во гробиштата, уште помалку во болниците.
ВО Србија нови 31, вкупно заболени 149, се укинува Јавниот превоз, се затвараат кафеаните и трговските центри.
МОДНОТО ателје и кројачка работилница на семејството Илјази од Тетово деновиве изработува и доделува бесплатни заштитни маски за на лице на луѓе. Ги даваат на луѓето кои немаат доволно пари за да купат, како и поради тоа што тешко се наоѓаат.
РЕГИСТРИРАНИ 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, извести министерот Венко Филпче.
ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажни вести да создава паника кај граѓаните, порачува портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
ОКОЛУ 2.300 македонски државјани е бројката, кои досега се пријавиле и кои ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров.
НАШАТА држава и официјално стана 30- та членка на НАТО Алијансата. По ратификацијата на Протоколот од страна на сите останати, 29 држави- сојузнички, и на крајот, по потпишување на Указот за ратификација на Протоколот од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Република Северна Македонија се построи во најсилниот воено- политички сојуз.
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ на средствата од ИПА фондовите за да може да ги користи како средства за борба против корновирусот, информира шефот на дипломатијата Никола Димитров.