ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државниот карантин од 15 дена за граѓаните на товар на државата

Околу 2.300 државјани на Република Северна Македонија е бројката, кои досега се пријавиле и кои ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а  трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот за надворешни работи НИкола Димитров на денешната прес-конференција

March 21, 2020 13:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 2.300 државјани на Република Северна Македонија е бројката, кои досега се пријавиле и кои ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а  трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека нема податоци каква е нивната здравствена состојба и уште еднаш повтори дека не е време за патување во странство.

– Тие се пријавуваат по телефон, по  и мејл, а главно барањето е како да си дојдат дома. Некогаш успеваме, во смисла на убедување каде слетуваат, ако е тоа некоја од нашите соседи, некогаш не успеваме, меѓутоа главното барање е тоа, одговори Димитров на новинарско прашање колку граѓани кои се во странство се обратиле и каква помош побарале.

На прашањето каде ќе бидат сместени по влез во нашата држава и дали има наши граѓани позитивни на вирусот во странство, шефот на дипломатијата одговори дека не е сигурен каде ќе бидат, рано е да се каже, меѓутоа, подвлече, има и државни објекти, има и хотели во приватна сопственост кои се понудени на државата за вакви ситуации. Битно е, истакна тој, да го подигнеме капацитетот за државен карантин, условите подобри за да го заштитиме здравјето на целото населени.

– Вчера е формирано работно тело. Ние ќе направиме се што може условите да бидат добри и да се грижиме за здравјето на луѓето што ќе ни се враќаат, храната, дезинфекцијата, чистењето, луѓето во државниот карантин ќе бидат еден до двајца во соба, меѓутоа не сум сигурен каде точно ќе бидат, рече Димитров.

На новинарско прашање дали сериозно се размислува за воведува полициски час, министерот Димитров се осврна на вчерашните упатства до МВР и АРМ во координација да направат оперативни планови во смисла на ограничување на движењето со цел да се спречи ширењето на вирусот.

– Според некои информации од Италија по воведување на такви мерки ширењето драстично паднало од 46 на 23 проценти. Во таа смисла, денеска во попладневните часови ќе имаме седница на Владата. Ќе имаме образложение од Комисијата за борба против заразни болести и ќе имаме претставници на врвните епидемиолози кои ќе не информираат од стручен аспект што тоа ќе значи и како тоа е најдобро да се организира. Но, да не прејудицирам одлуки на седница што се уште не е започната, рече на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Next Post

Од утре наоблачување, со дожд и снег на повисоките места

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Дивац искрено, зошто не го избрал Лука Дончиќ на драфтот

April 28, 2026

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk