ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и СЕММ: Регистарот постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

March 22, 2020 22:57
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во пресрет на најавените мерки за ограничување на движењето на граѓаните во периодот од 21 до 06 часот, Владата на РСМ вечерва објави насоки за начинот на издавање на дозволи за работа на терен на новинарите и медиумските работници. Сметаме дека е важно во услови на криза институциите да најдат начин за новинарите и медиумските работници да бидат присутни на терен, со цел да ја информираат јавноста за тоа дали се почитуваат мерките кои се на сила, но и воопшто да известуваат за прашања од јавен интерес“, соопштуваат од Здружението на новинари  и Советот на етика во Македонија
„Според објавените насоки, дозволи ќе се издаваат на сите традиционални медиуми кои се регистрирани во Агенцијата за медиуми, а за онлајн медиумите само на оние кои се дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми објавени на платформата www.promedia.mk

Во контекст на ова, укажуваме дека зачленувањето во Регистарот на професионални онлајн медиуми е на волонтерска основа и служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство, како помош на граѓаните при изборот на медиумите за нивното информирање и на бизнис заедницата во пласирањето на нивните реклами. Целта на Регистарот е да се следи почитувањето на новинарските стандарди, да се поттикнува професионалноста и да се алармира на прекршувањата, но не може да служи за ограничувања во секојдневното извршување на работните задачи.

Оттука, сметаме дека ограничувањето според кое медиумите кои не се дел од овој Регистар не можат да добијат дозвола за движење со цел вршење задачи во услови на полициски час не е оправдано и бараме Владата да го преиспита ваквиот чекор.

Во исто време сите онлајн медиуми потребно е да бидат свесни за тежината на изречениот збор во вакви времиња и да сфатат дека одговорноста од евентуално непрофесионално известување е нивна, но последиците ќе ги трпат граѓаните. Затоа уште еднаш повикуваме на професионалност и внимателност во изнесувањето на информации поврзани со кризата.

ЗНМ и СЕММ остануваат отворени за соработка со сите јавни институции кои вложуваат напори за да се надмине кризата поврзана со коронавирусот, а во насока на креирање мерки со кои ќе се заштити здравјето на граѓаните, но со кои ќе се гарантира и слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана“, велат тие.

Next Post

Снег во Скопје во пролет

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk