Од денеска 14 пунктови за тестирање за корона вирус. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.
Заврши рокот за пријавување на македонските граѓани кои сакаат да се вратат во земјава. Граѓаните можеа да се пријават на е-меил адресите и телефоните на дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското конузларно претствништво во соседната земја или во земјата од регионот.
Изборите и официјално одложени, новиот датум по завршување на вонредната состојба поради корона вирусот. Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.
ЗНМ и СЕММ: Регистарот постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење. Оттука, сметаме дека ограничувањето според кое медиумите кои не се дел од овој Регистар не можат да добијат дозвола за движење со цел вршење задачи во услови на полициски час не е оправдано и бараме Владата да го преиспита ваквиот чекор.
Прва ноќ со полициски час од 21 до 06 часот. Со полицискиот час нема да бидат опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации.
Оливер Спасовски на контролен пункт во Чаир.Спасовски порача граѓаните максимално да ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење, не само за време на полицискиот час, туку и преку ден. Тој апелираше да не се излегува надвор без нужна потреба.
#СедиДома со Филхармонија.
Пролетен снег во Скопје.
Фејсбук и Инстаграм ја намалија брзината на проток на видео-содржините во Европа.