ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Изборите и официјално одложени, новиот датум по завршување на вонредната состојба поради корона вирусот

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

March 23, 2020 08:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Датумот за Парламентарните избори 2020 ќе биде одреден по завршување на вонредбата состојба и уредбата со законски сила што тогаш треба да ја донесе техничката Влада, предводена од Оливер Спасовски.

Државната изборна комисија (ДИК) вчера донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ден претходно ја донесе Владата на Република Северна Македонија. Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

– Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се преземени до 22 март 2020 се сметаат за важечки. Сите преостанати дејствија што произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник што ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба со донесувањето на нова уредба на Владата за продолжување на изборниот процес, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски предлагајќи го заклучокот.

ДИК е задолжена да ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите и веднаш по изменетата ситуација, односно по носењето на новата уредба на Владата за продолжување на изборните дејствија ќе мора да донесе ревидиран роковник за изборите. ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба, според Уредбата на Владата, на својата веб страница треба да објави ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

– Ова, пред се, се однесува на Избирачкиот список, дејствијата што се поврзани со него, увидот, заклучувањето на Избирачкиот список и друго, информираше Деркоски.

 

За изборите свои кандидатски листи поднесоа 15 коалиции и партии 

ДИК пред донесувањето на Уредбата на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат  ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

Ако не се повтори пријавувањето на дијаспората, гласање за парламентарни избори, нема да има надвор од земјата.

Членовите на ДИК констатираа дека нема доволен број пријавени за гласањето во дијаспората, бидејќи од оние што беа пријавени, имапе голем број невалидни пријави подари тоа што некои македонски државјани во странство се пијавивале од исти адреси, а треба од лична адреса. За гласање се пријавија 7.535 македонски државјани, а прифатени беа само 6.096 пријави. Така не беше достасан бројот од 6.540, онолку колку што освои пратеникот со најмалку гласови на минатите избори, а колку што законски треба за организирање избори во дијаспората.

ДИК во изминатиот период спроведе и дел од едукацијата на општинските избиралки одбори и избирачките одбор, но таа мораше да прекине подари усложнувањето на состојбата со ширењето на корона вирусот во земјата. Беа екипирани сите изборни органи, и времено ангажирани лица за помош на ДИК, на кои сега им мирува ангажманот и тие мора да се вратат на своите работни места
Next Post

Фејсбук и Инстаграм ја намалија брзината на проток на видео-содржините во Европа

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk