Формирани се мобилни тимови на Црвениот крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите, информира Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови, се додава во соопштението на Министертсвото, се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.
– Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од корона вирусот не можат да ги напуштаат своите домови, соопшти Министерството.
Контакти по градови:
Битола 047 236 019 од 8 – 12 часот,
Делчево 033 412 010 од 9 – 13 часот,
Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 од 8 – 18 часот,
Кавадарци 070 239 352,
Кичево 045 225 324 од 8:30 – 12 часот,
Кочани 071 373 677 од 9-14 часот,
Крушево 071 379 920 од 8-12 часот,
Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 од 8 – 16 часот,
Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 од 8 – 13 часот,
Струга 071 398 424 од 8 -12 часот,
Струмица 071 345 901 од 10 -12 часот,
Тетово 044 336 374 од 9 -15 часот,
Штип 074 203 030 од 8 -16 часот.
– Црвен крст на Град Скопје – тим за бездомни лица 02 3096 227 од 8:30 – 12:30,
Чаир 070 208 383, 02 2621 924 од 8:30 до 12:30,
Карпош 071 349 230, 02 3068 806 од 8:30 до 12:30,
Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 од 8:30-12:30,
Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 од 8:30-12:30,
Центар 070 297 166, 02 3115 029 од 8:30 -12:30,
Куманово 075/207-126 и 077/719-494 од 8 -16 часот,
Крива Паланка 078 303 060,
Радовиш 072 277177,
Гостивар 042 216 488,
Валандово 071239849, 078325978 од 10 -14 часот,
Гевгелија 071-714-105
Демир Хисар 047-276-861; 071-505-724 од 8:30 – 14:30 часот.