Антибиотикот „сумамед“ (азитромицин) отсега ќе се издава само на бел рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување, односно, тој е повлечен од слободна продажба во земјава, велат извори од Министерството за здравство. Ваквиот потег, според нашите извори, бил изнуден, бидејќи некои граѓани почнале да го купуваат во големи количини, иако нема потреба за тоа.Сумамедот е антибиотик за кој во некои првични студии се посочува дека во комбинација со лек против маларија дејствува кај дел од пациентите заразени со новиот коронавирус.
Од Владата известија дека обезбедиле доволно количестви за целото население.
Исто така Владата на денешен брифинг извести дека и лекот против маларија е обезбеден за 10.000 пациенти.
А. Зеќири