ИРЕНА Јакимовска, менаџер на текстилната фабрика од Прилеп Комфи Ангел, најави дека за десетина дена компанијата ќе започне целосно нов процес на производство на заштитни медицински маски.
БЕКТЕШИ на прес конференција истакна дека тој рече дека лично е подготвен да оди на минимална плата и додаде дека и ДУИ ја поддржуваат мерката сите функционери и именувани лица да одат на минимална плата, но како што истакна Бектеши, тие се против цела администрација да оди на минимална плата.
ЗЕМЈИТЕ од регионот по појавата на новиот корона вирус преземаат различни мерки за спас на економиите, меѓу кои е и намалувањето на платите во јавниот сектор.
ШОПТРАЈАНОВА на ФБ: „Не се зезајте со Сумамедот на своја рака – така убитачен за бактерии, убитачен е и за секого што го зема без потреба. Не е работата само „дали ќе има доволно за болните“.
ЖЕРНОВСКИ: „Мора да почекаме да заврши целата процедура. Денеска ќе се изјаснат министрите за надворешни, но после 11 препораки најблиску сме да го добиеме датумот. Денеска треба да почекаме да се усогласи текстот. Прашање на денови е кога ќе бидеме членка и на НАТО.“
ВО Ломбардија, регион со најмногу заразени и починати, најмалку две болници станаа жаришта на инфекција. Пациентите го заразиле медицинскиот персонал, кој потоа го ширел вирусот со преселување во нивните заедници пред да се воведе строг карантин.
ПРИПАДНИЦИ на шпанската армија пронајдоа напуштени стари лица и неколку тела во пензионерски домови погодени од епидемијата на новиот корона вирус. Тоа го соопшти синоќа шпанската министерка за одбрана.
СДСМ: „Дури и во вакви тешки времиња, кога целата држава, институциите, медицинските лица, полицајците, граѓаните, се посветени на борба со корона вирусот и заштита на здравјето, Христијан Мицкоски, послушникот на Никола Груевски, од белиот дворец шири невистини, а нема ниту став, ниту предлог за доброто на граѓаните.“
БРОЈОТ на заболени во Шпанија, втората најтешко погодена земја во Европа, од Ковид-19 по Италија, беше 33.089. Ова значи дека здравствените работници сочинуваат 12 проценти од заразените.
МИНИСТЕРСТВОТО за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили.
Според УРЕДБАТА од Владата, сите почнати стечајни постапки – претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
СЕКОЈ кој направил уплата за туристички аранжман ќе добие ваучер кој ќе може да го искористи до 31.12. 2021 година. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите.
ЗА време на полицискиот час, уништени се општински и приватни хортикултурни елементи, цвеќе и дрвја во строгиот центар на плоштадот во Гевгелија, пишуват ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија на Фејсбук.
ИЛОН Маск, иако беше главен скептик за сериозноста на корона вирусот и паниката околу пандемијата ја нарече „глупава“, вчера соопшти дека купил над 1.200 респиратори од Кина, кои ќе бидат наменети за болниците во Калифорнија.