Зоран Заев, претседателот на СДСМ има најголема поддршка кај македонските граѓани, покажува анкетата на Националниот демократски институт (НДИ). Анкетата на НДИ била спроведена во периодот од 26 февруари до 5 март на 1.200 испитаници, пред започнување на кризата со коронавирусот.
Според информациите од нашите извори, Зоран Заев е омилен политички лидер за 44 проценти од испитаниците (19 % одговориле дека е многу омилен, а 25 % дека е делумно омилен), покажува истражувањето. Значително помалку граѓани, само 25 проценти се изјасниле за Христијан Мицкоски (10% одговориле дека им е многу омилен а 15% делумно омилен).
Во албанскиот блок интересно е тоа што Али Ахмети не е веќе на тронот на најпопуларни политички лидери. Лидерот на ДУИ е омилен кај 16 проценти од испитаниците, а неговиот политички ривал, Зијадин Села е омилен кај 17 проценти од испитаниците.
Предвремените избори кои беа закажани за 12 април се одложија поради кризата со коронавирусот а партиите ги откажаа активностите за кампањата.