ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Конечно и безусловно ги започнуваме преговорите за членство во Европската Унија!

Димитров потенцира дека одлуката на Советот не дојде лесно ниту пак ни беше поклонета и додаде дека сите заедно со макотрпна работа и жртвување ја одработивме и заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство

March 24, 2020 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес конференција истакна дека припаѓаме на европското семејство. Димитров потенцира дека одлуката на Советот не дојде лесно ниту пак ни беше поклонета и додаде дека сите заедно со макотрпна работа и жртвување ја одработивме и заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство.

„Во ова заедничко „време невреме“ би сакале сепак да пренесеме добри вести за македонските граѓани.
Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на ЕУ, денес даде политичка согласност за предлог заклучоците кои се многу позитивни и охрабрувачки за нас. И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот, особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание за досега сработеното.

Северна Македонија по 15 години во чекалната како кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври 2019 година, конечно го поминува прагот и ќе може да ја започне следната заслужена фаза од својот европски пат. Отсега натаму и ние ќе имаме референтна почетна точка од која ќе го мериме времето – откога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но од сега па натаму уште повеќе, од нас самите зависи!

Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во Европската Унија!

Советот недвосмислено ќе потврди дека остваривме опипливи и одржливи реформски резултати во однос на реформите.

Советот ја поканува Комисијата ВЕДНАШ да поднесе предлог рамка за преговорите како и да ја започне неопходната подготвителна работа.

Првата меѓувладина конференција ќе биде свикана што е можно поскоро по усвојувањето на преговарачката рамка.
Советот ја поканува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот, започнувајќи со кластерот за фундаменталните вредности.

Би сакал вам, граѓани на нашата Република, во овие предизвикувачки времиња кои заеднички ги поминуваме, од срце да Ви честитам за успехот, но и да ве потсетам:
Одлуката на Советот не дојде лесно ниту пак ни беше поклонета. Ние и вие заедно со макотрпна работа и жртвување ја одработивме и заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство.
Постоеја многу искушенија и преобмислување. Изодивме тежок реформски пат во вонредни околности кога моравме да ја закрепнеме заробената правна држава. Го склучивме Преспанскиот договор и ги усвоивме уставните амандмани со опструкции, одвнатре и однадвор. Не беше едноставно, но покажавме визија, разумност и политичка храброст.

Сега НАТО и новото поглавје со ЕУ се реалност и можеби е добро време овојпат ние политичарите да ви се заблагодариме вам на граѓаните за успехот, непоколебливата надеж и верба и добро завршената работа. Погледнете ги вашите најблиски до вас и денес бидете горди дека исполнивме дел од заветот на нашите баби/дедовци и мајки/татковци и отворивме нова перспектива за нашите идни поколенија.

Да не се залажуваме, патот натаму ќе биде уште потежок и пострмоглав доколку повторно се препуштиме на рамнодушноста. Повторно од нас самите ќе зависи колку брзо и со кој квалитет ќе го минуваме патот до денот на полноправно членство во европското семејство.

Меѓутоа денеска е ден на зрак надеж дека можеме и дека направивме! Никој не може да ви го одземе тоа.

Нека ви е честит успехот и се надевам дека сите заедно ќе го совладаме и предизвикот со пандемијата на коронавирусот што е можно побрзо.

Честитки татковино! Честитки македонски народе! Честитки сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други!

Ќе не’ биде!“

Next Post

Спасовски: Сите членки на ЕУ едногласно сложни за почеток на преговори со Република Северна Македонија

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk