На денешната прес конференција во Владата на Република Северна Македонија, техничкиот премиер Спасовски, со вицепремиерот за евроинтерграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ги соопштија на јавноста убавите вести за едногласното добредојде од ЕУ.
Премиерот Спасовски на прес конференцијата истакнаи дека во исклучително тежок момент за сите нас, од Брисел ни пристигана убава и долгоочекувана порака. Тој додаде дека Советот за општи работи на ЕУ се согласи дека нашата држава треба во најбрз рок да ги започне преговорите. Стигна верификацијата на нашите напори, едногласно од државите членки на ЕУ, потенцира Спасовски.
„Денешното признание е резултат на тешките политички одлуки кои ги донесе Владата за решавање на нашите долгогодишни спорови. Без договорот од Преспа и без договорот за добросоедство со Бугарија немаше да биде можен овој успех. Денес може да бидеме горди оти чекањето конечно заврши.
Патот ни е отворен и единствена насока на тој пат е само напред. Нашата перспектива е во ЕУ. Тоа е точка во која враќање назад нема. Му се допаѓало тоа на некој или не тоа е наша победа.
Да се радуваме на овој успех сите граѓани, сите политички партии, сите етнички заедници и сите општествени субјекти.
Да се радуваме и да се вратиме во реалноста, да се вратиме на борбата со денешната битка, борбата со корона вирусот. Да го победиме невидливиот пријател за да се вратиме на нашата политичка битка.“, заврши премиерот Оливер Спасовски.