ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ВИДЕО) Вархеји: Планираме преговарачката рамка да ја презентираме во јуни

-Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни, изјави Вархеји.

March 24, 2020 18:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, на прес конференцијата преку видео линк што ја одржа попладнево изјави дека неговиот план е преговарачката рамка да му биде презентирана во јуни на Советот, по што ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција.

Поради условите во кои се одржуваат прес конференциите во контекст на карантин во Брисел, пресовите не се држат повеќе во живо, туку преку видео конференција.

Изјавата на еврокомесарот што се однесува на датум на почетокот на преговорите, односно поднесувањето на преговарачката рамка, услов за одржување на меѓувладината конференција, беше нејасна поради лошата интернет конекција.

-Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни, изјави Вархеји.

По денешната одлука на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка – земјите кандидати имаат иста таква обврска од своја страна. Штом таа рамка биде финализирана, им се поднесува на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција.

Со оваа изјава јасно е дека Европската Комисија има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.

Еврокомесарот на денешната прес конференција не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја “претрка“ Северна Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.

Next Post

„Алкалоид“ донира 200.000 евра на МЗ и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk