Од денеска кај заболените од коронавирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната а прес-конференција. Филипче изјави дека истата е одобрена на вчерашниот состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.
„На состанокот на Комисијата за етички прашања во МАЛМЕД, беше одобрена комбинацијата на терапија за пациенти заболени од коронавирусот. Комбинацијата што ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин што се покажа како ефективен во повеќе земји и таа одлука ќе биде аплицирана од утре и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот, бидејќи е потребна прво проценка на клиничката состојба и се дава кај одредена група не кај сите, рече Филипче.
Министерот најави дека денеска на седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.