Претседателот на СДСМ, Зоран Заев повика на обединување на народот во овие тешки денови и солидарност.
„Сите заедно и солидарно да го понесеме товарот од економските последици кои ќе бидат сериозни.
Мораме да ги поддржиме работниците и фирмите, затоа што доминантно тие го полнат буџетот, го развиваат бруто домашниот продукт, обезбедуваат плати на нашиот народ, плаќаат даноци и давачки и го генерираат севкупниот развој на нашата земја.“ напиша Заев.