Солидарноста треба да ја имаме како никогаш порано, и парите не треба да одат во партиите туку кај граѓаните, одговори Заев на прашањето за тоа дали ќе ги повика ДУИ, парите од буџетот за партиите предвидени за оваа година да не одат кај партиите, туку да се пренаменат за справување со корона кризата.
Тој подвлече дека му е драго што СДСМ покажа капацитет и се откажа од буџетските пари во име на солидарноста.
„Парите треба да одат кај граѓаните. Ние го направивме чекорот, го дадовме нашиот предлог и верувам дека сите ќе бидеме солидарни. За другите партии.“ порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.
Ј. Ѓ.