ЛИДЕРСКА средба не е потребна, Владата има комплетен капацитет за справување со коронакризата и носењето на одлуки, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле.
2.900 граѓани се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот. Утре два лета до Загреб и Ла Валета.
ОД денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот, известуваат од Министерството за здравство.
НЕ го чепкајте моето семејство, мене може да ме критикувате колку сакате. Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето, a некој се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Кругот е мал, а во него сме сите!“, реагира Горан Сугарески за лажната вест.
ДА се честита успехот на пријателите во време кога самите проаѓате низ исклучително тешки моменти, не само што е голема доблест, туку и доказ за цврстото македонско-италијанско пријателство, оцени шефот на дипломатијата Никола Димитров по телефонскиот разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо
200 милиони евра даваме поддршка на стопанството, на работниците и да ги сочуваме работните места, а сето тоа ја згоилемува ликвидноста, но и приватната потрошувачка од страна на работниците и компаниите, тоа ќе му помогне конкретно на буџетот, посочи Заев.
ЗАСЕГА прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу 2.000 лица. Министерот за здравство Венко Филипче најавува детална анализа која би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.