ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дума го демантира Лидер.мк: Не одев на работа 10 дена, сопругата е во самоизолација и не сме во контакт 19 дена

Како што може да се види во мојата официјална е меил комуникација, јас немам препорака за изолација. И покрај ова, но и покрај тоа што во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид – 19 , јас 10 дена не одев на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника.

March 26, 2020 10:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Директорот на Клиниката за очни болести, Христијан Дума ја демантира информацијата објавена на Лидер.мк, а потоа преземена и од Курир.мк и од други портали.  Лидер објави дека Дума одел на работа, иако неговата сопруга била во самоизолација. Дума во демантот вели дека соругата е самоизолирана на друга локација, а дека тој на работа не доаѓал 10 дена, за што можат да посведочат и колегите. 

Објава на Лидер.мк

Евидентирам со е-маил во прилог на овој демант дека на 10 март, само 1 ден откако на мојата сопруга и беше одредена самоизлоација, писмено се обратив до ДСЗИ за да добијам насоки за мое понатамошно делување како здравствен работник и Директор на Универзитетската клиника за очни болести, со посебна напомена дека мојата сопруга веднаш се самоизолира во посебен стан на друга адреса. Насоката која ја добив од ДСЗИ ви ја пренесувам во целост:

„Според она што сте го презеле, постапено е правилно, односно сопругата е во самоизолација во друг стан. За Вас нема посебни препораки, како контакт од втора линија, се додека нема промена на Вашата здравствена состојба“

Како што може да се види во мојата официјална е меил комуникација, јас немам препорака за изолација. И покрај ова, но и покрај тоа што во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид – 19 , јас 10 дена не одев на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника.

Најодговорно тврдам дека мојата сопруга е во самоизолација на сосема друга адреса и точно 19 дена немаме никаков контакт, со што целосно ги почитуваме препораките од здравствените власти.

Барам Лидер и другите портали кои ја пренеле веста итно да ја повлечат и да се извинат за нарушување на мојата чест и углед. Јас како директор во здравствена установа, кој доследно ги спроведува барањата и препораките на моите колеги, сум вознемирен од ваквите клевети“, стои во демантот на Дума.

Next Post

Расте побарувачката за марихуана во САД

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk