ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќар и за обичните граѓани, падот на цената на нафтата ќе ги поевтини производите и услугите

„Енергијата (нафтата) е компонента во цените на сите производи, услуги и цената на живеењето без исклучок. Затоа и влијанието на цената на нафтата е директна во сите", вели Хајредини.

March 27, 2020 23:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Падот на цената на нафта на светски рамки се очекува да биде добрата страна, условно кажано, на ефектите од корона вирусот. Податоците од светските берзи и предвидувањата на експертите даваат надеж за олеснување на животот на обичните граѓани.

Додека паниката од корона вирусот ги крема цените на производите од една страна, падот на цената на нафтата од друга страна влијае директно во намалување на трошоците во сите дејности, а резултат на тоа ќе биде намалување на цените во малопродажниот пазар.

Мултинационалната британска компанија за инвестиции и претпријатието за финансиски услуги Barclays соопшти деноновиве дека го намали предвидувањето за цената на нафтата на 12 долари за барел за 2020 година.

Меѓународниот стандард за бруто нафтата Брент сега се цени со 31 долар за барел оваа година, а стандардот на Вест Тексас Интермедијет се очекува да биде околу 28 долари.

До овој пад на цените дојде одкако ОПЕК предвидена од Саудиска Арабија и не-ОПЕК предводени од Русија, не успеаа на 6 март во Виена да го намали производството на нафтата од познатата група ОПЕК со што би ги намалиле ефектите од корона вирусот поврзано со побарувачката на нафта во светот.

Barclays предвидува вишок на нафта за повеќе од 5 милиoни барели на ден на светскиот пазар, оваа година.

Како резултат на целата новонастаната ситуација, и во нашата земја малопродажната цена на нафтените деривати падна драстично, а очекувањата се дека нафтата може да падне и до 40 денари за литар ако продолжи истата ситуација со корона вирусот во светот.

Експертите најавуваат дека намалената цена на нафтените деривати ќе ги поевтини и другите цени во пазарот. Тие тврдат дека нафтата најпрвин ќе влијае на цената на транспортот на стока и луѓе, а имајќи ја предвид улогата на транспортот во економијата и фактот дека Северна Македонија голем дел од производите ги увезува, очекуваат и намалување и на цените на производите во крајната алка од продажниот синџир кој допира до граѓанинот.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека нафтата има ефекти веќе во секоја дејност од производство, трговија и услуги. Затоа тој очекува во сите сфери и дејности да има позитивен ефект во намалување на цените на крајните услуги и производи.

„Енергијата (нафтата) е компонента во цените на сите производи, услуги и цената на живеењето без исклучок. Затоа и влијанието на цената на нафтата е директна во сите”, вели Хајредини.

Според него, падот на цената на нафтата, со намалување на трошоците и цените во сите дејности, ќе биде олеснување за животот и на граѓаните на нашата земја, и нема да дозволи значителен раст на цените заради увозот на производи од подалечни земји, за кои порано се плаќаше поскапо поради трошоците од превозот.

А.Зеќири

Next Post

Уште еден случај на злоупотребата на јавни личности за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk