ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЖСПП: Вонредни анализи на извори на загадување на воздухот

Со анализа на собраните информации ќе се добијат податливи сознанија кои се исклучително важни од аспект на креирањето на политиките во областа на животната средина, односно планирањето на мерки и активности за справување со аерозагадувањето.

March 27, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека како и досега, внимателно ги следи емисиите на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух. Во овој период, кога се на сила низа мерки на Владата заради справување со вирусот COVID-19 со кои е ограничено движењето на граѓаните и работењето на најголем дел од институциите и индустриските инсталации, со посебно внимание ги следиме часовните вредности на емисиите на ПМ10 честичките во корелација со температурните вредности.

Притоа, во моментов се прибираат и регистрираат сите податоци од аспект на активни деловни субјекти, активен транспорт, активни индустриски капацитети во различен временски период, односно ограничено движење и подолго престојување на граѓаните во своите домови, наспроти временските услови, со цел нивна анализа за определување на влијанието и уделите на клучните фактори за аерозагадувањето и понатамошно соодветно креирање на стратешките и планските документи, односно акциските мерки.

МЖСПП доби податоци од Државниот инспекторат за животна средина за сите инсталации кои вршат дејност во овој период, а се под нивна надлежност, односно капацитетот со кој работат во период на намален број на ангажирани лица и часови на работа. Понатаму, oд Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи се прибираат информациите за активните дејности за време на ограничувањето на движењето на граѓаните (ноќните часови), како и за проценката на бројот на возила на сообраќајниците. Податоците за временските услови се обезбедуваат од УХМР.

Со анализа на собраните информации ќе се добијат податливи сознанија кои се исклучително важни од аспект на креирањето на политиките во областа на животната средина, односно планирањето на мерки и активности за справување со аерозагадувањето.

Првичните, а и последователните анализи во временски циклус заради забележување на трендови, поопширно ќе бидат споделени на веб страницата на МЖСПП, со цел увид на стручната, но и општата јавност и извлекување на релевантни заклучоци.

Истовремено, МЖСПП укажува дека инспекциската контрола е клучна за детектирање и спречување на акутните покачувања на вредностите, поради евентуални недозволени активности и поради тоа веќе беше иницирано овозможување на непречената работа на инспекциските служби.

Неопходно е да се овозможи на ДИЖС да ги спроведува контролите над индустриските капацитети кои поседуваат А-интегрирани дозволи, доколку тоа е потребно, и за време на полицискиот час на територијата на РМ, но неопходно е овластување и на локалните инспектори, кои се надлежни за контролата на капацитетите кои поседуваат Б-интегрирани дозволи, односно сите активности кои се во спротивност со Законот за јавна чистота. Дополнително, не смее да запре контролата на отворените огнови, а посебно палењето на стрништата, што е во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство.

Next Post
Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

МИОА: Дневни дозволи за работа после 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk