ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Ќе биде разрешена директорката на Охридската болница

Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре ќе биде разрешена директорката, ќе биде поставен нов директор, истакна Филипче и додаде дека денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни

March 29, 2020 12:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена поради случајот со 66-годишната жена од Струга, која почина од коронавирус, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре ќе биде разрешена директорката, ќе биде поставен нов директор, истакна Филипче и додаде дека денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни.

Нагласи дека веќе е покрената постапка и упати апел до институциите целосно да ја спроведат постапката.

Основното јавно обвинителство Охрид претходно денеска соопшти дека ја истражува смртта на 66 годишната стружанка, која беше четврта жртва на коронавирусот во земјава.

Обвинителството по допрен глас отвори предмет, како што се наведува во соопштението, за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.

-Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар  препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата, се вели во соопштението на Обвинителството.

Се додава дека Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​

Next Post

Мицкоски не е подготвен да се откаже од ништо, дури ни за сметка на здравјето на граѓаните

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk