На официјалната страна на Светската здравствена организација (WHO), поставена е онлајн обука (курс) на македонски јазик, за здравствените работници и експерти за јавно здравје, која се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата. На курсот дава насоки за како да идентификуваат случај, како да реагираат и имплементираат мерки за спречување на ширење на Ковид-19.
Курсот е бесплатен, потребно е само корисникот да се регистрира.
https://openwho.org/courses/COVID-19-IPC-MK
Овој курс располага со насоки за тоа што треба да прават здравствените установи со цел да бидат подготвени да реагираат на појавата на вирус на дишните патишта како што е новиот корона вирус, како да идентификуваат случај кога тој ќе се појави, и како соодветно да имплементираат СКИ мерки со цел сигурно да се оневозможи понатамошно ширење кон здравствените работници или други пациенти и други лица во здравствената установа.
Оваа обука е наменета за здравствени работници и експерти за јавно здравје, бидејќи се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата. На официјалниот сајт на WHO има курсеви и обуки за различни намени а врзани за Covid-19 на повеќе светски јазици.
Ј. Ѓорѓиоски