ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Србија регистрирани 82 нови случаи, вкупно заразени 741 лице и 13 починати

Досега вкупно се хоспитализирани 356 пациенти, 55 лица кои се водат како тешки случаи се ставени на респиратор, изјави на прес-конференцијата Кисиќ.

March 29, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на корона вирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице, изјави на денешната владина прес-конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кисиќ рече дека денеска починати се уште три лица, маж во КЦ Војводина во Нови Сад, роден 1958, и две жени во болниците во Белград, родени 1934 и 1938 година, со што бројот на починати од оваа епидемија се искачи на 13 лица.

Според сајтот на Министерството за здравство на Србија, од 13–те смртни случаи, осум се мажи, а пет жени, со вкупна просечна старост од 65,77 и процент на смртноста од 1,75 отсто.

– Досега вкупно се хоспитализирани 356 пациенти, 55 лица кои се водат како тешки случаи се ставени на респиратор, изјави на прес-конференцијата Кисиќ.

Во националната референтна лаболаторија на Институтот Торлак во Србија досега се тестирани вкупно 2.462 лица.

Kоронавирусот е регистриран во 35 градови и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-289 лица, Ваљево има 47, Чуприја 41, Ниш има 37 заразени граѓани, Крагуевац има 18 лица со потврден корона вирус, Крушевац има 18, Чачак 11, а Нови Сад, Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.

И на денешната прес-конференција епидемиолозите кажаа дека сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мора да бидат сместени во привремената болница на Белградскиот саем, кој е подготвен со 3.000 легла, како и во спортскиот центар Чаир во Ниш и на Новосадскиот саем.

РТС објави дека првите пациенти од денеска властите почнале да ги сместуваат во карантинот на Белградскиот саем.

Денеска постарите лица од 03-08 часот имаа можност да излезат од своите домови за набавка на основните намирници, можност која според вледините мерки е предвидена само еднаш неделно.

Според изјавата на директорот на полицијата Владимир Ребиќ за Танјуг, во Србија досега 1.253 лица се казнети за кршење на полицискиот час, 678 лица казнети се за кршење на мерката на самоизолација, од кои три лица вчера добија до три години казни на судењата организирани преку видео линкови. Во притвор во Србија за кршење на мерките на Владата се наоѓаат вкупно 119 лица.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави за денеска презентирање на економската програма за справување со последиците од епидемијата, прес конференцијата ја презакажа за вторник.

Next Post

Во Холандија бројот на заразени од корона вирус надмина 10.000 лица

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk