МАКЕДОНСКОТО знаме е подигнато и се вее до знамињата од сојузничките пријатели. Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО.
ВО ова издание на видео колумната ФРОНТЛАЈН АКЦИЈА или #FrontAction, актерката Владанка Димковска зборува за психолошката поддршка што во еден момент може да биде и повеќе од добредојдена за сите оние што се во самоизолација. Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото.
ОПШТИНА Кисела Вода поставува дезинфекциски средства со држачи во колективните станбени објекти. Ќе бидат опфатени зградите во сите урбани заедници кои изразиле или ќе изразат интерес.
МИЦОТАКИС ги повика министрите од владата и пратениците од Нова демократија да отстапат половина плата за борбата со Ковид-19.
НЕМА нови случаи на заболени од Ковид – 19 во гостиварскиот регион, а состојбата во трите општини е под контрола, ваква е оценката на Кризниот штаб во кој покрај претстаавници на институциите, членуваат и градоначалниците на општините Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар.
ПРОДОЛЖУВА организираниот авионски превоз и трансфер со автобуси до утврдените хотели за државен карантин, денеска со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани.
МНОГУ е важно да знаат граѓаните дека од пакетот економски мерки за справување со кризата, прво се испорачаа големиот пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интревју за Сител.
ЕДЕН починат, 26 новозаразени од Ковид-19, вкупно заразени 285 лица. Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар.
ИНДУСТРИСКОТО производство во февруари со раст од 3,5 отсто, најсилен во рударството и преработувачкиот сектор.
МИЦКОСКИ не е подготвен да се откаже од ништо, нула солидарност за македонските граѓани.
ОД вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.