ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Кисела Вода поставува дезинфекциски средства со држачи во колективните станбени објекти

Во текот на денешниот ден, пак, се врши повторно дезинфицирање на сите улици, овој пат со специјално возило за таа намена.

March 30, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат активностите на Општина Кисела Вода за заштита од ширењето на  вирусот Ковид-19. По упатениот јавен повик до граѓаните, од денес локалната самоуправа отпочна со акција за поставување на држачи за средства за дезинфекција, како и дезинфекциски средства во влезовите на сите заинтересирани жители во колективните станбени објекти на територија на општината.

Ќе бидат опфатени зградите во сите урбани заедници кои изразиле или ќе изразат интерес. Потсетуваме дека дезинфекциските средства и држачите за истите ги обезбеди Општина Кисела Вода со поддршка од бизнис заедницата од овој дел на градот и за нив, сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради, се уште можат да се пријават на на телефонскиот број 072 313-331  (од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот и сабота од 08:00 до 15:00 часот) или на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, каде што треба да остават точна адреса – улица и број, како и телефон за контакт. За колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици.

Паралелно, известуваме дека викендов мобилни тимови организирани преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа на Општина Кисела Вода, продолжија со дезинфицирање на сите згради на подрачјето на овој дел од градот. Иако, ова е законска обврска на граѓаните, сепак, со оглед на сериозноста на состојбата со ширењето на заразата со корона вирусот, Општина Кисела Вода одлучи да им излезе во пресрет на своите жители. Во четвртокот беа дезинфицирани колективните станбени објекти во урбаните заедници Расадник и населба Драчево. Во петокот е извршено прскање за дезинфекција во Цветан Димов, Кисела Вода, Бирарија и Припор. Викендов се работеше и се заврши прскањето во сите останати  згради во другите урбани заедници.

Во текот на денешниот ден, пак, се врши повторно дезинфицирање на сите улици, овој пат со специјално возило за таа намена.

Уште еднаш, апелираме на совесно однесување на сите граѓани и почитување на Владините препораки и забрани во насока на превенција и заштита на здравјето од корона вирусот.

Next Post

Владанка Димковска: Грижа за менталното здравје, поддршката е секогаш добредојдена

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk