ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Свечена церемонија на подигнување на македонското знаме во НАТО, 30. членка на Алијансата

На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров. Истовремено, македонското знаме ќе биде подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

March 30, 2020 09:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е најновата, 30-та членка на НАТО Алијансата од 27 март.  Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО денеска, во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник.

На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров. Истовремено, македонското знаме ќе биде подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

Формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на нашата земја во алијансата.

„Од денес од овој момент сме 30. земја членка на НАТО, сакам да оддадам признание и благодарност до сите вас, до сите македонски граѓани, да го честитам овој голем успех“, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на 27 март.

Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство од триесет нации и речиси една милијарда луѓе. Семејство кое се темели на извесноста (сигурноста) дека, со какви предизвици и да се соочиме, сите сме посилни и побезбедни заедно, порача Столтенберг, во петокот од Брисел, во моментот кога в.д. амбасадорката на Македонија во САД, Вилма Петковска, во Стејт Департментот му го предаде „инструментот за пристапување“ (оригиналниот документ за македонска ратификација на Северноатлантскиот договор) на заменик државниот секретар за Евопа и Евроазија, Филип Рикер.

Покрај трите нови јарболи за своето знаме, Македонија од петокот доби и дваесетина места за персонал во постојаната мисија во НАТО и дваесетина места за офицери во Врховната сојузничка команда во Монс и во Сојузничката команда во Норфолк, и уште неколку низ штабовите на Алијансата.

Добива и пристап до заедничкиот безбедносен и разузнавачки систем и информациите кои ги подготвува, капацитетите за сајбер-војување, агенциите за набавки и стандардизација, десетиците тела на Северноатлантската договорна организација, но и право и обврска да учествува во секоја нејзина одлука.

И.Т.З.

Next Post

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk