ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Според Филипче, охрабрува линеарниот раст на случаи на корона вирус, лица со придружба да се ослободуваат од работа, СЗО со појаснување за употребата на заштитните маски, ОКТА со донација од 50.000 евра за здравството

Преглед на новостите до 12,00 часот.

March 31, 2020 11:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ФИЛИПЧЕ на Фејсбук: Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден.

ВЛАДАТА донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности.

МИНИСТЕРСТВОТО за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.

ВО хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, во државен карантин поради корона вирусот сместени се 154 лица.

ИЗМЕТ Рамадани, кој од околу 1997 е дел од Евроатлантскиот совет, денеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ упати честитки до граѓаните но и сите со кои досега соработувал за активирање и промовирање на активностите на на НАТО во Северна Македонија.

ПРВИТЕ луѓе на Светската здравствена организација и натаму на луѓето им препорачуваат да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со корона вирусот или негуваат болни.

ГУВЕРНЕРКАТА на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите што ги предизвикува состојбата со корона вирусот. Последните расположливи податоци, кои датираат од почетокот на оваа година, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со која располага системот.

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2. Компанијата веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов.

РЕГУЛАТОРНА комисија: Останува во сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.

ДОМОТ на култура од Кавадарци преку интернет ги носи своите театарски претстави во домовите на сите љубители на културата и уметноста, во време на корона вирус.

НЕГАТИВЕН е и третиот тест за инфекција на корона вирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, пренесоа светските агенции.

ТУРЦИЈА мора да продолжи со производството во текот на пандемијата од корона вирусот за да го задржи извозот и снабдувањето на клучните производи, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган додека бројот на заболени во државата надмина 10.000 лица.

ГРЧКАТА опозициска партија СИРИЗА, коментирајќи го повикот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис, пратениците од Нова демократија и министрите од Владата да достават половина плата во следните два месеци, истакнувајќи дека „очигледно тоа не може да го реши прашањето со зајакнувањето на јавното здравство, но сепак има силна симболика“ и бара, мерката да се однесува на сите пратеници, задолжително

ПОВЕЌЕ од 201.000 луѓе во Русија се под медицински надзор поради корона вирусот, соопштија денеска руските санитарни власти.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk