Вториот сет економски мерки треба да им помогне и на компаниите и на работнците, истакна потпретседателот на СДСМ, техничкиот премиер Оливер Спасовски, во текот на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Овие мерки се однесуваат на наредните 2 месеци, нагласи Спасовски, додавајќи дека по тој период очекуваме намалување на здравствената криза, но ако продолжи ќе преземеме се што треба да биде преземено. Тој додаде дека во првиот сет еконосми мерки беа понудени бескаматни кредитт, кои можат да ги користат за овој месец, но и компаниите треба да сносат дел од товарот, предизвикан со здравствената криза со коронавирусот, а здравјето на граѓаните е најважно.