ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Стевановиќ: За секој пациент се води максимална грижа, да не се земаат лекови на своја рака

-За жал, се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики. Пет се на механичка вентилација, а повеќе од нив имаат тешки пневмонии и се на кислородна поддршка. Сепак, има и пациенти кои се во фаза на излекување. Но, ова не е вистинската слика за КОВИД-19 зашто на Инфективната клиника се хоспитализираат најтешките случаи, напомена директорката.

April 1, 2020 19:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелужуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но, не смееме да дозволиме да биде паничен, рече директорката на Инфективната kлинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“.

Според неа, се уште неодговорени прашања се и дали излечените пациенти повторно можат да заболат од коронавурус, кои лекови се најдобри, зошто е вака кај едни, а онака кај други луѓе. Препораката е, оние што се испишани од болница по два последователно негативни тестови, уште 14 дена да останат во домашна изолација.

Стевановиќ уверува дека ниту еден пациент во земјава не е оставен без максимална нега и грижа. Се прават максимални напори за да се спаси сечиј живот. Какви ќе бидат статистиките, не се знае. Пандемијата прво треба да заврши и сега приоритет е лекувањето.

-За жал, се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики. Пет се на механичка вентилација, а повеќе од нив имаат тешки пневмонии и се на кислородна поддршка. Сепак, има и пациенти кои се во фаза на излекување. Но, ова не е вистинската слика за КОВИД-19 зашто на Инфективната клиника се хоспитализираат најтешките случаи, напомена директорката.

 

Има, додаде, и инфицирани деца, но тие не се болни, немаат развиено никакви симптоми поради што и нема потреба од нивно хоспитализирање.

-Многу прецизно е договорен тимот на педијатри кои ќе работат со инфектолозите ако е тоа потребно, потенцира Стевановиќ.

Осврнувајќи се на клиничката слика, докторката повтори дека симтомите на КОВИД-19 се мала темепратура, гребење грло, кашлање,… Но, ситуацијата може и нагло да се влоши што е индивидуално. Во секој случај, подвлече, лекови на своја рака не смее да се земаат.

-Аплеирам пациентите да ги побараат матичните лекари. Тие може да им помогнат во осознавањето и следењето на симптомите и воедно се врската за евентуално повикување Брза помош ако ситуацијата е алармантна. Оние пациенти кои се со повисок ризик, се трудиме да ги хоспитализираме и да имаат поблаги симптоми, само за да не дојде до влошување, нагласи Стевановиќ.

Според неа, најдобро е и пациентите кои се сомневаат на коронавирус, да кажат кои хронични болести ги имаат зашто терапијата е различна зависно од севкупната здравствена состојба на лицето.

-Има достапни лекови од оние што се препорачуваат против КОВИД (за ХИВ, за маларија), но кој од нив и во која комбинација ќе се даде, многу зависи од пациентот. Мора да се внимава многу со давањето лекови. Сепак, лек ќе биде даден на секој што ќе се процени дека треба, рече Стевановиќ.

Микробиологот Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје која учествува во „Топ тема“ преку скајп, истакна дека од стаидумот на болеста зависи типот на примерокот што се зема за лабораториска анализа. Притоа, за добивање точен резултат, се многу битни чувањето,транспортот и обработката на примероците.

Од вкупно заболените 354 лица од коронавирус во земјава, 59 се хоспитализирани на Инфективната клиника.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk