ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанска банка со понуда за одложување на отплатите до шест месеци

Шест месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава  е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица. За корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката соопшти дека воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно

April 1, 2020 07:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шест месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава  е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица. За корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката соопшти дека воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.

-Во услови на пандемија од невидени размери, како системска банка, Стопанска банка АД – Скопје им пристапува на своите клиенти правни и физички лица, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат финансиските ефекти од корона-кризата.Понудата е валидна за физички лица кои одржуваат постојани деловни односи со Банката, објави Стопанска банка АД Скопје.

Ги повикуваат сите клиенти детално да ја проучат понудата објавена на нивната веб страница и да постапат согласно дадените насоки. Клиентите кои ја прифаќаат понудата не треба се обратат до Банката, а доколку клиентите не сакаат да ја прифатат понудата потребно е да се обратат до Банката најдоцна до 10.04.2020 година до 23:59 часот преку covid19@stb.com.mk

Oвие мерки, потенцираат од Стопанска банка АД Скопје, се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата, стои во соопштението.

Понудата од Стопанска банка, како и од претходните што ги објавија неколку комерцијални банки,  уследи откако Владата во координација со Народната банка ја донесе Уредбата за олеснување на договорните услови на кредите од банките и штедилниците, со која банките на лесен и едноставен начин можат да ги одложат кредитите без потпишување анекси и одење на шалтер.

Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање отплата, репрограм, грејс период, поповолна камата и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на кредитите од три до шест месеци.

Next Post

9: Директна помош за компаниите и работниците, мерки за солидарност и меѓусебно помагање, одложено плаќање и од Стопанска банка, благодетите од ЕУ и НАТО допрва ќе ги осетиме, вратени 2020 македонски државјани

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk