ОВА се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик, истакна Заев.
РЕАКЦИИ имало и ќе има, донесовме мерки кои се директна помош и за компаниите и за работниците. Овој сет на мерки кои што денеска го презентираме прво нуди една предвидливост на делот на економијата, една директна помош која што овозможува компаниите да ги задржат и работниците и да се одржат наредните два месеци во април и во мај – истакна премиерот Оливер Спасовски во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма на прашањето за реакциите околу донесените економски мерки
ШЕСТ месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица.
ИЗУТРИНАВА во шест часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшто Автомотосојузот на Македонија.
БЛАГОДЕТИТЕ од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.
СО интервенција на Министерството за надворешни работи, по воздушен и по копнен пат, досега од странство во земјава се вратени 2.020 македонски државјани. Со чартер летовите, организирани од страна на Министерството вратени се 1.275 граѓани.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека светот заостанува во развивањето координирани мерки за борба против коронавирусот.