Реакции имало и ќе има, реакции има за сѐ и сешто во државата, реакции има и за тоа кога не се носат мерките, рекации има и за тоа што ќе се донесат тие мерки и најдобрите мерки можат да имаат соодветна критика итн, ние сметаме дека овој сет на мерки кои што денеска го презентираме прво нуди една предвидливост на делот на економијата, една директна помош која што овозможува компаниите да ги задржат и работниците и да се одржат наредните два месеци во април и во мај – истакна премиерот Оливер Спасовски во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма на прашањето за реакциите околу донесените економски мерки.
Спасовски потенцира дека еден дел од мерките уште утре ќе бидат донесени се уредба којашто се однесува на минималната плата, уредбите за занаетичиите, значи фризерите, автомеханичари итн, сите тие уредби ќе бидат донесени и таму детално ќе биде разработено. Тој нагласи дека преку ресорните министерства ќе биде искомуницирано со сите компании се со цел да можат и подобро и полесно да аплицираат за овие мерки.
За занаетчиите и граѓаните кои работат во малопродажбата Спасовски рече дека Уредбите за помош ќе бидат донесени утре Токму овие мерки помагаат на малите компании, да ги сочуваме работните места и да продолжат да функционираат овие компании.- истакна Спасовски.
Уредбите за помош на граѓаните кои работат како фризери, автомеханичари, малопродажба, ќе бидат донесени утре со цел да можат да аплицираат и тие. Преку секојдневната комуникација со банкарскиот сектор и Народната банка донесовме заедничко решение секоја од банките да ги оддложи плаќањата на кредитите на физичките и правните лица. А за една држава многу е важна ликвидноста на банките. Кај нас банкарскиот сектор е здрав и затоа и можеме да се потпреме на него. – потенцира премиерот Оливер Спасовски во гостувањето на ТВ Телма.