Бројот на излекувани лица од новиот корона вирус расте, а секојдневно лица од целиот свет кои ја победиле заразата, ги споделуваат своите искуствата и шират позитивна енергија, со апел да се седи дома, пишува Слободен печат.
https://www.facebook.com/MihaelaJanevska/videos/3419701094723625/
Една од нив е и младата Михаела Јаневска од Скопје, која успешно го совлада корона вирусот, откако се зарази пред две недели. На својот фејсбук профил, таа сподели емотивно видео во кое прекрасно пее во знак на благодарност за сите медициснки работници кои се грижеле за неа, како и за пациентите кои сe’ уште се во болница:
„Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница.