ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев на Канал 5: Да не заборавиме од каде тргнавме и какви резултати имаме за 2 години и 10 месеци

Во интервју за Канал 5, претседателот на СДСМ, Зоран Заев говореше за предизвикот со корона вирусот, превенцијата, но и мерките кои се превземени. Повика уште еднаш на солидарност и трпение од граѓаните.

April 2, 2020 19:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев вечерва во Само Интервју на Канал 5 опширно објасни за сите мерки со кои се служат одговорните служби во државата во борбата против корона вирусот, објасни за начините и методите со кои се служат повеќето земји и кои се покажале како ефективни и кај нас.

Тој повикува на солидарност и разбирање, среќен е што брзо и ефикасно соработуваат институциите и сето тоа дава резултат.

„Свесни сме за тешкотиите на состојбите и се водиме со сите наши информации кои ги добиваме од тимот на министерот за здравство, од комисијата за заразни болести и штабот на владата кои што се секако најинформирани и од тука ги очекуваме сите надежи кои што во иднина значат и предимензинирање на економски политки, на севкупни политики или слично затоа што ние сме политичари во државата, она кое што е важно дека еве незнам крајот на април се очекува некоја кулминација на кризата каде што би влегле во едно состојба каде што има повеќе излечени со помалку заразени за да почне да паѓа трендот тоа се очекувања и на СЗО…

Можеме да издржиме сигурно како што и сите земји ќе сторат се така и ние и ќе издржиме…Имаме ние наши ресурси, имаме наши капацитети кои што секако ги управуваме и ќе издржиме, прво многу е важно институциите да се почитуваат.

Колку повеќе бидеме солидарни и водиме грижа еден а друг и секако ги почитуваме институциите, препораките кои што стигаат од стручните луѓе така и полесно и побрзо ќе пребродиме.

Јас сум тука, правам анализи, работам со економските тимови, давам свои ставови и консултации луѓето се капацитетни тие се на свој интегритет еве сите гелдаме и можеме да дадеме свои оценки внатре..Јас еве и јавно кажувам сум пренел комплетно право иако сум шеф на најголемата владеачка партија, таму премиерот е од нашата партија, доминантно министрите се целосно да бидат министри и премиер на сите граѓани, стро институционално.

Факторот за ширење на зараза од корона вирусот сѐ уште е мал, досега успешно се справуваме со кризата За справување со кризата има една глобална анализа, по која се води и нашата држава. Светот со оваа криза се справува на два начина, едниот го нарекуваат чекан, а другиот танц“, рече Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.

„Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отстого имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, се додека не заврши на здравствената криза. Тука им Р фактор односно ширење на заразата. Ако тој Р фактор е поголем тогаш треба да се прибегне кон чеканот.

Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме“ затоа што кај нас Р факторот е се уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека благодарени на стручните луѓе на институциите успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на инстутциите и така треба да продолжиме“, заклучи Заев.

„Факторот за ширење на зараза од корона вирусот се уште е мал, досега успешно се справуваме со кризата За справување со кризата има една глобална анализа, по која се води и нашата држава. Светот со оваа криза се справува на два начина, едниот го нарекуваат чекан, а другиот танц, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5 „Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отсто го имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, се додека не заврши на здравствената криза. Тука им Р фактор, односно ширење на заразата. Ако тој Р фактор е поголем тогаш треба да се прибегне кон чеканот. Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме“ затоа што кај нас Р факторот е сѐ уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека благодарени на стручните луѓе на институциите успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на инстутциите и така треба да продолжиме“, заклучи Заев.

„Ваква посветеност на лекарите и медицинскиот персонал е меѓудругото заради тоа што се посоодветно платени од порано и тоа е голема работа, обезбени се милијарди и милијарди денари зошто, за да бидат соодветно платени, соодветно платени стручни и професионални луѓе се секако и по посветени, благодарам на сите што најдовме сила тоа да го направиме, притоа се реконструирани повеќе од 40 здравствени институции од 123, голем дел од нив се комплетно целосно опремени со нова опрема како што треба во 21 век, еве во третата деценија во која што сме влезени, комплетно се инвестира градежни активности во болниците. Направете истражување, ќе видите во денешни моменти колку е голема или поголема од порано довербата во здравствениот систем.

Да не заборавиме од каде тргнавме, ние имавме едно цунами предходно кое што однесе сѐ, и кога се споредуваме со другите земји да не заборавиме дека ние имавме цунами, тие немаа цунами, јас така го нареков заради тоа што тоа беше меѓународно потврдено, хибриден режим, заробена држава, испљачкана држава, пари отидени во глупости или слично и сите тргнавме од таа состојба пред две ипол години, еве сега се две години и десет десет месеци од тогаш отприлика и имаме такви резултати кои што денеска ги имаме.“ – истакна Заев.

„Ги спасуваме работните места, 14.500 денари плата за секој работник погоден од кризата Треба да знаат граѓаните дека по глава на жител и по БДП ние имаме еден од најголемите пакети мерки за помош на стопанството. Со овие мерки ги спасуваме работните места, обезбедуваме приход од 14.500 денари за сите загрозени од кризата, за да ги спасиме работните места, работниците да не губат работа“, порача Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.

„Една Словенија или Србија немаа цунами во економијата цели десет години, ние бевме во минус од 1,8 отсто а за само две и пол години има раст од 3,6 на БДП.“ – додаде Заев.

Next Post

Ангеловска на ФБ: Пред 28 години на денешен ден донесен првиот буџет на независна Република Македонија

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk