Столтенберг: Членството на С. Македонија, чекор кон стабилноста во регионот. Во заедничката изјава, министрите на НАТО изразија решеност да им помогнат на своите членки и другите земји во борбата против вирусот корона епидемија, вклучително и испорака на медицинска опрема и трансфер на медицински, научни и технолошки знаења..
Сасоли: ЕУ бара начини како да ги вклучи земјите од Западен Балкан во своите механизми за борба против КОВИД-19. -Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза, посочува во одговорот Сасоли.
Спасовски: Лично ќе се заложам иституциите да постапат и насилниците да бидат казнети. „Го осудувам вознемирувачкото насилство во Штип и лично ќе се погрижам сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети согласно законот.
Заев на ФБ: Пред сѐ како човек, но и како лидер на владејачката партија, најостро го осудувам шокантното насилство врз младата девојка во Штип. Апел до сите медиуми и до граѓаните на социјалните мрежи да не го споделуваат вознемирувачкото видео со брутално родово насилство, за да спречат натамошно виктимизирање на девојката.
Дневно се печатат по илјада заштитни маски на 3D принтери. Бројот на дистрибуирани заштитни маски со визири до денеска изнесува повеќе од 3000 парчиња. Покрај готови маски, испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи по градовите низ државата, додека од денеска од 16-19 часот во ПЗУ Ординација по општа медицина „Медика Вера“ ќе се поделат заштитни маски и за матичните лекари, според нивните барања. Тоа ќе се прави секој ден освен во недела, а повеќе информации ќе бидат објавени на Фејзбук групата на иницијативата.
Во светот над 52.000 луѓе починаа од корона вирусот.
Вакцина за корона вирусот: Кога ќе биде пронајдена? „Ја градиме брзината со која работиме на вакцината за Ковид-19 на претходно утврдени начини за развој на вакцина во третманот на други видови корона вируси“, рече директорот на Коалицијата за иновативни подготовки за епидемии во Осло, Ричард Хачет.







