ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вакцина за корона вирусот: Кога ќе биде пронајдена?

„Ја градиме брзината со која работиме на вакцината за Ковид-19 на претходно утврдени начини за развој на вакцина во третманот на други видови корона вируси“, рече директорот на Коалицијата за иновативни подготовки за епидемии во Осло, Ричард Хачет.

April 3, 2020 07:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Дури и најефикасните, понекогаш драконски, стратегии и мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот само ја забавуваат прогресијата на болеста и се уште нема широко достапна вакцина.

Сепак, откако Светската здравствена организација ја прогласи пандемијата Ковид-19, повеќе од 35 приватни компании и академски институции започнаа со работа за пронаоѓање вакцина – сите се свесни дека само вакцината може да ги спречи луѓето да се разболат.

Четири истражувачки тимови веќе ја тестирале вакцината на животни. Уште повеќе, биотехнолошката компанија Модерна, со седиште во Бостон, ќе започне да спроведува доброволно човечко тестирање.

Големи заслуги за брзиот развој на вакцината им припаѓа на кинеските научници кои на крајот на јануари успеаја да го одделат целиот генетски материјал на вирусот Сарс-Ков -2 што го предизвикува Ковид-19, односно коронавирусот, дозволувајќи им на научните тимови ширум светот да го следат живиот вирус и да учат како напаѓа човечки клетки и ги прави луѓето болни.

Ефективниот развој на првите верзии на вакцините за Ковид-19, исто така, беше резултат на искуство со епидемии на други видови на коронавируси – САРС во Кина (2002-2004) и МЕРС во Саудиска Арабија (2012) и изгради прототипови на патогени (микроби на вируси).

„Ја градиме брзината со која работиме на вакцината за Ковид-19 на претходно утврдени начини за развој на вакцина во третманот на други видови коронавируси“, рече директорот на Коалицијата за иновативни подготовки за епидемии во Осло, Ричард Хачет.

Сарс-Ков – 2 дели 80 до 90 отсто од генетскиот материјал со вирусот што предизвика САРС. Двете се состојат од рибонуклеинска киселина (РНК) во капсулата на протеинот што е покриена со шилци. Всушност шилците се „закачуваат“ на рецепторите лоцирани на површината на клетките во белите дробови – ист вид на рецептор и во двата случаи – и му овозможуваат на вирусот да ја нападне клетката.

Поради сличноста на вирусот, многу фармацевтски компании сега користат претходно развиени вакцини против САРС или МЕРС како основа за развој на вакцината во третманот на Сарс-Ков-2 или коронавирусoт.

Вакцините дејствуваат на истиот принцип. Тие даваат целокупен патоген или дел од патоген на човечкиот имунолошки систем – обично во форма на инекција со мала доза – за да му помогнат на имунолошкиот систем да генерира антитела на патогенот. Антителата, еден вид имунолошка меморија, толку брзо се мобилизираат и создаваат имунитет способен да се одбрани од вирусот во својата природна форма.

Традиционално, имунизацијата се постигнува со употреба на живи, но ослабени форми на вирусот, или целиот или дел од патогенот откако ќе се апсорбира од хемикалии или топлина.

Сепак, овие методи имаат недостатоци.

На пример, жива форма може да преживее во организмот на домаќинот, потенцијално да се врати дел од неговата вирулентност и да го направи примателот болен.

Затоа одредени фармацевтски компании применуваат понови технологии и методи за лекување на вирусот.

Таква е „рекомбинантна“ вакцина. Вклучува екстракција на генетскиот код од протеински шилци на површината на вирусот Сарс-Ков-2 и залепување во генот на бактерии или габи, бидејќи овие микроорганизми лачат големи количини на протеини.

Други, уште понови пристапи, ги заобиколуваат протеините и градат вакцини директно од генетскиот код на вирусот.

Next Post

Столтенберг: Членството на С. Македонија, чекор кон стабилноста во регионот

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk