ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев на ФБ: Чекан и танц – долгорочна стратегија против корона вирусот

Стратегијата на „чекан и танц“ е долгорочен план кој првично вклучува мерки за спречување на ширењето, а подоцна и мерки за контролирање на болеста во смисла на изнаоѓање лек или вакцина

April 3, 2020 12:25
in ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој во вчерашното интервју за Канал 5 ги објасни стратегиите за борба против корона вирусот, денес на својот Фејсбук профил го објасни процесот на дејствување на двата елементи од стратегијата и нивната ефикасна имплементација.

Стратегијата на „чекан и танц“ е долгорочен план кој првично вклучува мерки за спречување на ширењето, а подоцна и мерки за контролирање на болеста во смисла на изнаоѓање лек или вакцина, и како таков, „танцот“ би траел подолго.

„ЧЕКАН И ТАНЦ

Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со корона вирусот e базирана на долгорочен план за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување.

Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток, а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот).

„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).

Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.

Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски.

Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро.

Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана.“ – напиша Заев на својот ФБ статус.

Next Post

Обложувалниците Моцарт со донација од 10.000 евра за Општата болница во Куманово

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk