Од Словенија обезбедивме 100.000 маски и 100.000 ракавици помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека лично му се јавил на премиерот на Словенија, Јанез Јанша и ја договорил работата.
Мицкоски најави дека во следните неколку денови ќе стигне и нова помош, притоа несакајќи да каже од која земја.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, помош ќе пристигне од исто така и друга блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто Мицкоски одби да одговори од која друга сестринска партија обезбедил помош?
За време на ова интервју на Канал 5, социјалните мрежи не мируваа. Дискусиите по ова прашање одеа во насока, дека е во ред секоја обезбедена помош, но зошто на Мицкоски сѐ му е пресметано во евтини политички поен:
– Се срами ли Мицкоски од своите сестрински партнер партии од кои е можно да ни пристигне помош?
– Како баш Мицкоски обезбедил помош од сестринскиот Јанез Јанша и таа помош е конкретно за Министерството за внатрешни работи, каде министер е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, нели му е барем малку незгодно?
– Нели бе Мицко приоритет треба да бидат медицинските лица, па после сите други. Што не договори да им се даде помош на Министерството за здравство, усул малку не сме сите будали тука што останавме?
– Кого фарба Мицкоски, се знае кој му крева нему телефон, двајца се, едниот е оној Јанша, другиот е, погодувате, Орбан на Грујо?
– Искрено, малку жал ми падна за човекот…
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи, после денешното интервју на Христијан Мицкоски на Канал 5 телевизија, а кои се однесуваа за најавената и добиената помош.
На крај Мицкоски беше прашан за мислење за најновата анкета на Националниот демократски институт (НДИ), во која како што го потсети и водителот, СДСМ и Заев водат во сите од поставените прашања, Мицковки изјави дека има и други анкети каде резултатите се поинакви.
Ј. Ѓорѓиоски