ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Цивил“ го реактуализира барањето да се укинат сите привилегии на функционерите

Здружението смета дека е потребно да се потсетат политичките партии на барањата од Иницијатива за укинување на привилегиите на функционерите, доставена до службите во Собранието во мај 2019 година и очекуваат од новиот парламентарен состав да ги прифати и спроведе овие барања.

April 4, 2020 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: Цивил Медиа

фото: Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Значително намалување на превисоките плати и намалување на патните трошоци на сите функционери, како и сите привилегии, но и укинување на доживотните пензии на поранешните претседатели побараа денеска од Здружението на граѓани „Цивил“.

Тие преку соопштение посочија дека во период на пандемија и вонредна состојба за спречување на заразата, со распуштен Парламент и одложени парламентарни избори, не се возможни големи промени во легислативата, но може да се започне со подготовки за да им се излезе во пресрет на овие барања.

– Во денови кога светската економија е на колена поради справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, ЦИВИЛ смета дека е крајно време да се стави крај на привилегиите на функционерите кои изминатите децении го пустошат буџетот на земјата. Сега, повеќе од кога и да е порано, дојде време кога треба да се мисли на парите на граѓанките и граѓаните, посочија од Цивил.

Здружението смета дека е потребно да се потсетат политичките партии на барањата од Иницијатива за укинување на привилегиите на функционерите, доставена до службите во Собранието во мај 2019 година и очекуваат од новиот парламентарен состав да ги прифати и спроведе овие барања.

-Бараме укинување на апанажите на било кое ниво за било која позиција, укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век, укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена, информира Цивил.

Од Здружението бараат укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени и укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.

-Бараме драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз. Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа. Укинување на дискрециските овластувања на функционерите, се наведува во соопштението на Цивил.

Оттаму информираат дека потребно е и значително намалување на превисоките плати на избраните и именуваните функционери. Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 80 пратеници; Намалување на министрите во Владата на максимум 10 и укинување на функцијата Министер-ка без ресор.

ЦИВИЛ ги поздравува мерките на Владата за намалување на примањата на функционерите, и ја поддржува иницијативата да се вратат буџетските средства на политичките партии во заедничката каса на граѓанките и граѓаните. Организацијата ги повикува сите политички партии, без маневри и условувања, да ја прифатат иницијативата за враќање на парите од партиите во буџетот.

Next Post

МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk