Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден, реагира на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „Канал 5“ ТВ. Тој уверува дека тестови има и постојано се набавуваат резерви.
Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви.
И Министерството за здравство како невистинити ги оцени информациите што ги сподели во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека државата има тестови за коронавирусот за само неколку денови.
Во моментот, информираат од Министерството, државата на располагање има 4.500 тестови, со неделно надолнување од 2.000 тестови, а се чека во секој момент да стигне донација од 20 илјади комплети за тестирање. Од МЗ велат дека има и дополнителни 5.000 тестови – донација од приватна лабараторија од Скопје.
-Најостро ги осудуваме инсинуациите, обвинувањата и невистинитите информации дека во нашата земја има тестови за само неколку дена, пласирани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Ненавлегувајќи во причините за ширењето на такви информации, Министерството за здравство упатува апел да не се шири паника со пласирање на непроверени и лажни информации и уште еднаш истакнува дека тестови за утврдување на присуство на коронавирусот има доволно за да ги задоволат потребите на нашата земја, се вели во соопштението од Министерството за здравство.