ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски, Шекеринска и Димитров упатија честитка по повод Денот на НАТО

„Ќе нè биде!“, порача во честитката министерот Димитров честитајќи го денот на формирањето на НАТО Алијансата.

April 4, 2020 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров упатија честитки по повод 4-ти Април, денот на НАТО.

Премиерот Спасовски во својата порака истакна дека по децении сонување дојде денот кој и ние ќе го одбележиме како полноправна членка на НАТО.
„Денес, може да си честитаме заедно што ја остваривме нашата стратешка цел и ги исполнивме заложбите на сите изминати генерации. Благодарение на одлучната определба на вас, граѓаните, на заложбата на оваа влада, на решените спорови со соседите и тешките реформи кои ги спроведовме, денес сме дел од најсилниот политички и воен сојуз во историјата на човештвото. Со нас, НАТО брои 30 држави. Сојузници сме со најмоќните  во светот, стоиме рамо до рамо, посветени на заедничкиот систем на колективна безбедност“, истакна премиерот Спасовски.
Тој подвлече дека веќе ги гледаме придобивките од нашето членство во НАТО. Побезбедни сме, постабилни и НАТО ни помага во борбата со коронавирусот и додаде дека кога ќе се вратат работите во нормала, ќе дојдат и поголемите економски придобивки.
„Бидете безбедни затоа што државата е безбедна. Ние сме НАТО! Нека ни е среќен и вековит Денот на НАТО!“, се вели во честитката на премиерот Спасовски.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Шекеринска подвлече дека изминатите години, секоја година на овој ден го подигавме знамето на НАТО како знак на нашите желби.
„Денес тоа е знак на нашиот успех – знамето на нашата земја се вее со знамињата на 29 други земји, како членка на најмоќната Алијанса. Успеавме. По 30 години говори, ветувања и надежи. На овој пат, овој успех, не бевме сами. Одевме заедно со огромно мнозинство на наши граѓани, кои не се откажаа и не потклекнаа“, вели во пораката Шекеринска.
Таа додаде дека заедно со нашите стратешки сојузници САД, Турција, Велика Британија, Германија, Италија, Норвешка, и со сите останати, како и со нашите соседи и денеска сме обединети во битката против коронавирусот.
„Веќе го активиравме НАТО инструментот и ќе ја добиеме помошта која ни е потребна. Честит да ни е денот на Алијансата! Заедно сме посилни! Заедно ќе успееме!“, порача во честитката Шекеринска.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, по повод одбележувањето на  71-от роденден на Алијансата, во упатената честитка подвлече дека Денот на НАТО, од 27-ми март годинава, е и наш ден и го славиме заедно со 29 наши сојузници.
„Во услови кога не сите прашања на Балканот се затворени, за нашата државност и за нашите граници веќе нема ниту еден прашалник! Македонски народе, драги сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други: Да ни е честита нашата заедничка куќа, што сега е далеку побезбедна. Ослободени од ова гајле, до нас е да си ја уредиме и да си ја направиме успешна, за сите да се гордееме!“, истакна во својата порака министерот Димитров.
„Ќе нè биде!“, порача во честитката министерот Димитров честитајќи го денот на формирањето на НАТО Алијансата.
Next Post

Прилеп: Вработен во Гентерм позитивен на корона вирус, од понеделник фабриката ќе биде привремено затворена

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk