ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зајакната координација на финансиските регулатори за одржување на финансиската стабилност

Согласно со одредбите на Меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици.

April 4, 2020 10:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиските регулатори склучија Меморандум за меѓуинституционална соработка со кој што ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. Во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност.

Како што соопшти Народна банка, ова е пораката којашто ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

-Меморандумот се склучува со цел преку поголема меѓусебна координираност на регулаторите, и натаму навремено и ефикасно да се идентификуваат системските ризици и навремено и усогласено да се преземаат активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Со активностите коишто се предвидени со меморандумот, отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови ќе биде дополнително зајакната и надлежните институции со уште поголема подготвеност ќе управуваат со предизвиците за системот, се наведува во соопштението.

Меѓу другото, се посочува, согласно со одредбите на Меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици.

-Досега Комитетот го сочинуваа само претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Отсега, во работата на Комитетот учествуваат сите регулатори на финансискиот систем, а негов национален координатор е гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во рамки на Комитетот ќе функционираат и два поткомитетa, како оперативни тела – Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза. Заради остварување на поставените цели, давање препораки и преземање соодветни активности, преку Комитетот координирано ќе се следат анализите за состојбите во финансискиот систем, како и регулативата којашто може да има влијание врз финансиската стабилност, стои во соопштението.

Во натамошниот период, посветено ќе се работи на зајакнување на макропрудентната рамка, заради што, како што се најавува, ќе се пристапи и кон унапредување на регулативата, со што едновремено се следат и препораките од Програмата за проценка на финансискиот сектор на ММФ и Светската банка, спроведена во 2017 и 2018 година. 

Next Post

Турција затвора 30 големи градови поради корона вирусот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk